Македонските кик-боксери се подготвуваат за Европското првенство во Скопје

Од 6 до 15 ноември, Скопје и Македонија ќе бидат организатори на ВАКО Европското првенство во кик-бокс за сениори, ветерани и паракикбоксери. Македонската репрезентација интензивно се подготвува за ова престижно натпреварување за да се претстави во најдобро можно светло пред домашната публика. Селекторот Дејан Митровски Урко е задоволен од залагањето и подготовките и верува дека до првенството репрезентативците ќе бидат во најдобра форма.
Во Скопје ќе пристигнат најдобрите европски кикбоксери од 40 европски држави, а Урко очекува околу 1.400 натпреварувачи. Натпреварувањето ќе донесе значајни придобивки не само за спортот, туку и за туризмот, угостителството и промоцијата на државата на меѓународно ниво.
Македонскиот кик-бокс бележи огромни резултати во последните години, а последниот успех беше на Светското јуниорско првенство, од каде што репрезентативците се вратија со три златни медали. Тренерите веруваат дека сениорите можат да го повторат, па дури и да го подобрат тој резултат.
Меѓу 35-те македонски натпреварувачи има и јуниори кои за првпат ќе бидат дел од едно европско првенство и со свои очекувања се подготвуваат за големата сцена.
Дел од нив, пак, се редовни учесници во завршниците на големите турнири, со повеќе освоени медали зад своето име и со надеж дека токму на домашен терен, пред македонската публика, ќе стигнат до најсјајното одличје.
Во Скопје ќе бидат најдобрите и посебни анализи не се потребни, велат македонските кикбоксери. Целосен фокус на сопствената форма и напад на највисокиот дострел.
Урко очекува ваквите натпреварувања и успеси да донесат многу поголемо внимание кон поединечните спортови и соодветни вложувања за уште поголеми успеси.
Репрезентацијата влегува во последната фаза од подготовките со надеж дека во најдобра форма ќе го дочека стартот на Европското првенство.
Ново на Сител
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
-

Уапсен Романец на ГП Делчево, поседувал две тегли марихуана и ЛСД
-

Врвниот невролог од Белград проф. д-р Владимир Костиќ стана визитинг професор во Скопје - Придобивка за студентите по медицина на УКИМ
-

Акциска контрола на товарни возила – 25 возила исклучени од сообраќај
-

Николоски: Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват - Скопје
-

Алкалоид и Прилеп за старт на 9. коло од Супер лигата, дербито се игра во недела
