Македонија
4. јуни 2026 - 12:15
Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
Стопанската комора за информатички и телекомуникациски технологии масит, во соработка со Грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE денеска во Скопје го одржуваат првиот македонско-грчки форум со кој се создава организирана бизнис платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор. Целта е да се поттикне регионалниот раст, да се отворат нови пазари и воспоставување директни партнерства помеѓу компаниите од двете земји. Во рамки на форумот беше потпишан меморандум за соработка меѓу МАСИТ и SETPE.
-->
-->
