Макфест од Министерството за култура доби само 6500 евра - општината сама ќе ја финансира манифестацијата
Втора година по ред Министерствoто за култура со намера да го згасне и уништи нај реномираниот фестивал за забавни мелодии „Макфест“, обвини на прес конференција штипскиот градоначалник Иван Јорданов. Од годишен буџет за организирање на ваков тип манифестации во износ од 12,5 милиони евра, за „Макфест“ се одвоени само 6 500 евра, што според Јорданов е понижување на македонската естрада, но и на штипјани и целата македонската јавност.
-
Буџетот кој што е предвиден од страна на Министерството за култура за манифестации и настани оваа година е во износ од 760 милиони денари, а за „Макфест“, најпопуларниот и единствениот македонски фестивал, се предвидени срамни 400 000 денари- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Во име на транспарентноста, градоначалникот наведе само неколку примери каде ќе се одлеат парите на македонските граѓани во тековната година.
-
За „Лира фест 2023“ се одвоени повеќе од милион денари. За „Шкупи фест“ се одвоени повеќе од 1 милион денари, но за „Макфест“ помалку од 400 000 денари. Овие средства нема да ги примаме, ќе ги вратиме, додаде Јорданов
Организацијата на фестивалот чини околу 6 милиони денари, колку што и во минатото ресорното министерство одвојуваше средства. Општината и годинава од сопствениот буџет, со помош на општествено одговорни компании и спонзори ќе обезбеди финансии за да не дозволи да згасне брендот на градот Штип и на македонската забавна мелодија.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар