Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина

Францускиот претседател Емануел Макрон категорично ја отфрли можноста за учество на француските сили во воени операции за обезбедување на Ормуската Теснина во актуелниот контекст на интензивни бомбардирања, нагласувајќи дека Париз не е страна во овој конфликт.
Макрон појасни дека неговата земја нема да биде вклучена во мисии за присилно отворање или ослободување на теснината сè додека траат активните воени дејствија. Сепак, тој остави отворена можност за во иднина, кога ситуацијата ќе се стабилизира, Франција да учествува во придружувањето на комерцијални пловни објекти низ оваа стратешки важна точка за светската економија.
Со оваа изјава, францускиот лидер директно ги демантираше тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно сугерираше дека Париз е склон да му помогне на Вашингтон во деблокирањето на теснината. Трамп, за време на настан во Белата куќа, навести дека во разговор со Макрон добил сигнали за поддршка, што беше експресно отфрлено со денешното официјално соопштение од Елисејската палата.
МИА
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
