Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека западните сојузници не смеат да попуштаат пред „руската закана“, реагирајќи на серијата одлуки и изјави на американскиот претседател Доналд Трамп – вклучително и договорот за дизел-гориво и најавата за енергетско примирје – кои создаваат впечаток дека ѝ одат во прилог на Москва.
За време на посетата на Автомобилскиот саем во Париз, Макрон истакна дека во моментов нема никакви фактички причини за промена на досегашниот став кон војната во Украина, пренесе весникот „Депеш“.
– Сепак, фактите покажуваат дека Русите продолжиле да ја бомбардираат енергетската инфраструктура и во изминатите часови. Сите мора сериозно да ги сфатиме фактите. Русија продолжува да ги бомбардира и цивилите и инфраструктурата во Украина. Затоа, да за барањето прекин на огнот кога станува збор за енергетиката, но не и за попуштање пред руската закана. Да за изнаоѓање начин да се запрат нападите врз енергетските објекти, а би додал и врз објектите во Црното Море, како и за продолжување на мировните преговори. Не за отстапки пред руските закани – порача Макрон, најавувајќи дека во текот на денот ќе разговара со Трамп.
Францускиот претседател реагираше откако Трамп вчера соопшти дека стапува во сила енергетското примирје меѓу Русија и Украина.
По изјавата на Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја информираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за серијата нови руски напади врз украинскиот енергетски сектор регистрирани веднаш по најавата на американскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
