Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска остро ги осуди плановите на Израел за засилување на својата воена операција во Газа оценувајќи ги како катастрофа во подготовка и предложи меѓународна коалиција со мандат од Обединетите нации за стабилизирање на Газа.
Израелскиот кабинет за безбедност во текот на минатата недела одобри план за преземање контрола врз градот Газа, во обид да ги прошири своите воени операции на опустошената палестинска територија, што предизвика остри критики во земјата и во странство.
„Објавата на израелскиот кабинет за проширување на операциите во градот Газа и бегалскиот камп Маваси и за повторна окупација најавува катастрофа од невидена сериозност што само чека да се случи и чекор кон бесконечна војна“, рече Макрон во коментарите што неговата канцеларија ги испрати до новинарите.
„Израелските заложници и народот на Газа ќе продолжат да бидат главните жртви на оваа стратегија“, додаде Макрон.
Палестинците денеска го пријавија најтешкото израелско бомбардирање во последните неколку недели источно од градот Газа, неколку часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека очекува прилично брз крај на проширената офанзива.
Шест новинари, меѓу кои и дописникот на Ал Џезира, Анас ал-Шариф, беа убиени во офанзивата во близина на болницата Ал Шифа, пренесе ДПА.
Сведоци на настанот известуваат дека израелските тенкови и авиони ги насочиле своите напади кон Сабра, Зејтун и Шеџаја, трите источни предградија на Газа на север од енклавата, предизвикувајќи голем број луѓе да избегаат на запад.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
