Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети дека владата ќе започне „забрзана постапка“ за да се осигури дека парламентот брзо ќе го усвои законот за забрана на социјалните медиуми за лица под 15 години, за да може да стапи на сила следната учебна година.
„Ја замолив владата да започне забрзана постапка за да може да помине низ Сенатот. Бидејќи она што сакам да го направам, обврската што ја дадов во една од моите дебати, е да ја имплементирам забраната следната учебна година“, рече Макрон во видео порака емитувана од француската BFMTV.
Според Уставот, забрзаната постапка за парламентарно разгледување на законот овозможува негово брзо спроведување.
„Ги забрануваме социјалните медиуми за лица под 15 години и ќе ги забраниме мобилните телефони во нашите средни училишта. Верувам дека ова е јасно правило, јасно за нашите тинејџери, јасно за семејствата, јасно за наставниците и ние одиме напред“, додаде Макрон.
Францускиот претседател рече дека „мозоците на децата и тинејџерите не се на продажба“.
„Емоциите на нашите деца и тинејџери не се на продажба или манипулација, ниту од американските платформи, ниту од кинеските алгоритми“, додаде Макрон, кој во видеото носеше необични очила за сонце (модел на Авијатор), за кое американскиот претседател Доналд Трамп неодамна му се потсмеваше.
МИА
Ново на Сител
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
