Бизнис
23. January 2026 - 21:15

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците

Колапс на македонската економија ако не се одложи примената на новиот систем за влез и излез во земјите од Шенген зоната транспортерите. Целото производство на странските компании лоцирани во зоните е наменето за извоз, но и голем дел од домашните фирми извезуваат на странските пазари. За да се ескалира состојбата – решение мора да се најде.

-Проблемот е огромен, ако компаниите кои работата во зоните не можат да ја извезат својата стока и ако поскапи превозот за 3,4 пати, ние нема да бидеме конкурентни. Ние имаме извоз кон Англија. Џонсон Мети 100 % од своето производство го извезува таму. Нивните камиони транзитираат низ ЕУ. Сега со овие услови ќе стане целосно неисплатлив транспортниот бизнис, ќе се намали за најмалку 50 отсто, изјави Александар Николоски, министер за транспорт.

Странските компании веќе почнаа да бројат загуби. За негативните последици денеска реагираа и во претставништвото на Унијата. Ќе биде многу лошо за бизнисот, реагираат од коморите.

-Новите правила за влез во шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска Комора.

Превозниците кои ќе надминат 90 дена од законскиот максимум и се затекнати во шенген зоната - завршуваат во притвор. 100тина босански транспртери веќе се депортирани, а нови 100 чекаат да бидат присилно вратени. Вчера од Асоцијацијата на транспортери потврдија дека дека и македонски камионции завршиле во притвор.

-Возачите ги третрираат како криминалци, ги затвораат, камионите ги остават необезбедени на некој паркинг, со полициска придружба го носта на аеродром, авионски да се вратат и сите тие трошоци паѓаат на товар на превозникот, вели Билјана Мураовска, претседател на МАКАМТРАНС.

Во знак на револт против новите правила, точна пладне превозниците од Македонија, Србија, Косово, Босна и Хереговина и Црна Гора ќе ги блокираат граничните премини кон европските земји.