Мала улога на жените во креирање политики на буџет
Жените не учествуваат доволно во креирањето на политиките на буџетирање и одлучување. Ова посебно е изразено на локално ниво каде нивното влијание е многу мало, а приоритетите и потребите што ги имаат речиси и да не се застапени од страна на локалните самоуправи. Според организацијата на жени од Струмица главни проблеми за таквата состојба се слабата информираност на жените, недостаток од слободно време, но и стереотипите за улогата на женатаи мажот.
Анкетата која организацијата на жени ја спровела на терен во село Босилово и една од урбаните заедници во Струмица покажала дека приоритетите на жените од овие места се поврзани со комуналната и сообраќајната инфраструктура , екологијата, децата и негата на стари лица.
За да ги мотивира и охрабри жените активно да се вклучат во креирањето на локалните политики организацијата на жени од Струмица започна со реализација проект насловен ,, Биди активна, биди гласана. Преку него жените имаат можност да ги споделат потребите и проблемите со кои се соочуваат во нивното место на живеење, а кои се под надлежност на локалната самоуправа. Нај приоритетниот проблем ќе биде предмет на застапување пред локалните власти, со цел истиот да биде составен дел на буџетот за 2022 година.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар