Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници

На 04.04.2026 од страна на полициски службеници од СВР Охрид преземени се мерки по претходно изготвен план за вршење контрола по угостителски објекти на подрачјето на Охрид.
Во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ биле затекнати малолетници, при што е утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол. При преземањето мерки, полициските службеници биле вербално нападнати од А.Н. и М.Н., двајцата од Охрид. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 04/05.04.2026 и полициски службеници од СВР Скопје спроведоа акциска контрола на територија на ЕВР Центар и Бит Пазар, при што извршени се проверки на идентитет на 45 лица, 39 прегледи на лица и возила, при што се констатирани пет прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во една обложувалница затекнати се тројца малолетници.
На 03/04.04.2026 пак, констатиран е прекршок со пуштање на гласна музика во угостителски објект на подрачје на Центар.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
