Македонија
16. October 2026 - 14:13

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи

Малолетник бил физички нападнат од неколку врсници во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, а друг малолетник го снимил нападот со мобилен телефон и снимката ја објавил на социјална мрежа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера (15 октомври) во 10:30 часот во СВР Скопје од страна на 43-годишниот Д.Л.

Како што се наведува во полицискиот билтен, нападот се случил на 9 октомври 2026 година, во доцните вечерни часови, во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар.

Малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои еден му бил познат. Дополнително, друг малолетник го снимил инцидентот со мобилен телефон, по што снимката ја објавил на социјална мрежа.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.