-->
-->
Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци
-->
Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 19:55 часот во ОВР - Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во градот, случена е сообраќајна несреќа. Притоа, пешак - малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во патничко возило „волксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н., на возраст од 19 години од Кавадарци, појаснија од СВР - Велес.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница - Кавадарци. Известен бил јавен обвинител. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР - Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%