Бизнис
3. јуни 2025 - 16:45

Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%

3% раст на економијата во првиот квартал, објави статистиката. Според сезонските, прилагодени податоци, кои ги објавува Евростат, растот изнесува 3,2 отсто. Со вакви бројки, нашата земја е 4 во Европа, после Данска, Полска и Ирска. Реформите – даваат резултат, задоволен е премиерот Мицксоки. Растот е 2,5 пати повисок од европскиот просек. Поглавјето на стагнација  и несигурност е затворено. 

- Станува збор за првиот квартал од годината коишто секогаш е најслаб би рекол и најпредизвикувачки. Сепак, доколку сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на европската економска скала, мораме: Да го одржуваме просекот којшто ќе биде поголем од 4%, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри, тоа многу зависи и од екстерните фактори, имајќи дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4% тогаш можеме да кажеме дека ние сме 2 ипол пати над тој просек, а во еврозоната е 1,2% - изјави премиерот.

Премиерот очекува бројките за раст на економијата до крајот на годината да се движат меѓу 3 и 4 отсто. Но за да почуствуваат поголем стандард граѓаните и поголем бенефит бизнисот, на подолг рок ќе треба повисоки стапки.

- Меѓу 4 и 6 осто. Целта беше на оваа Влада да ги решиме дупките во продуктивноста и вработувањето, но, она што е важно дека покажавме дека државата конечно функционира. И тоа го гледаме денес. Во странските инвестиции што растат. Во индустриското производство што се стабилизира и веќе би рекол втор квартал по ред е позитивно, изјави Мицкоски.

Статискиката најголем пораст регистрира во секторот градежништво и научни и технички дејности, над 7 отсто, како и информации и комуникации – скоро 5%. Финалната потрошувачка, која учествува со скоро 70% во структурата на БДП, во првото тримесечје реално пораснала за 1,9 отсто, увозот на стоки и услуги за 5,8, додека извозот за само 1,2 отсо. Бруто инвестициите пак, во 1 квартал бележат пораст за 18%.