Маричиќ: Скринингот ќе заврши за 16 месеци, дотогаш треба да заврши промената на Уставот
Се уште не се знае кога ќе почне процесот на внесување на бугарите во нашиот Устав, како услов да започнат и официјалните преговори со ЕУ. Ќе се чека да се создаде атмосфера за дијалог во Собранието, вели вицепремиерот за европски прашања. Владата треба да поднесе иницијатива и да обезбеди 2/3 мнозинство кое за Маричиќ е доволна гаранција за да се случат уставните промени.
Овие уставни измени според Маричиќ се најлесните досега, во содржинска смисла бидејќи како што вели треба да се додадат неколку заедници на веќе седумте во Уставот. Овие измени би требало да завршат и со крајот на скринингот од Европската Комисија кој ќе започне во септември, а според владините очекувања би завршил за 16 месеци.
Токму уставните измени беа причина и Европскиот совет на својата официјална страна по меѓувладините конференции на Македонија и Албанија да објави дека нашиот сосед ги започнал преговорите со Европската унија, додека Македонија дека ја започнала само фазата на преговори.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
