Медведев против Зверев во полуфиналето на завршниот АТП турнир

Рускиот тенисер Данил Медведев (АТП – 5) го совлада синоќа Американецот Франсис Тиафо (АТП – 8) со 6-3, 6-4 во последниот натпревар од групната фаза на АТП финалето во Торино, со што обезбеди место во полуфиналето на завршниот турнир во кое негов противник ќе биде најдобриот тенисер во светот оваа година, Германецот Александар Зверев.
Полуфиналната програма денеска ќе биде отворена во 14:30 часот, кога за место во финалето ќе играат Шпанецот Карлос Алкараз и Американецот Бен Шелтон.
Шпанецот води со 4-1 во меѓусебните натпревари.
Вечерната програма ќе стартува од 20:30 часот, кога Зверев и Медведев ќе го играат нивниот 23. меѓусебен натпревар, а рускиот претставник води со 14-8.
Воедно, вечерашното полуфинале ќе биде нивниот шести натпревар на АТП завршниците, а и тука Медведев е во водство со 3-2 победи.
МИА
Ново на Сител
-

Новинарите и предизвиците
-

ХПВ вакцинација и редовни прегледи за искоренување на ракот на грло на матка
-

Србија го доби новиот парламент, почна да тече рокот за новата Влада
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од надзорната за Алта банка
-

Четири лица приведени за тероризам
-

Македонија одбележува 35 години Устав
-

Владата донираше три нови амбулантни возила за Здравствениот дом Струмица
