Меџити: Истрагата за доктори од Онкологија нема да се одрази врз работењето на Клиниката
Истражната постапка против поранешниот директор Нино Васев и уште тројца лекари специјалисти на Онкологија немало да се одрази врз работњето на Клиниката, уверува министерот за здравство. Пациентите ќе како и досега ќе добивале прегледи и соодветна терапија.
- Ништо нема да се одразува кон функционирањето на Клиниката. Со менаџерите таму ги презедовме сите мерки. Клиниката функционира перфектно, со прегледи, со терапија, со сѐ, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.
Меџити вели дека министертсвото стоело на располагање за сите на истражни органи за сите информации и повика случајот да се расветли со побргу за да не се оцрнуваат сите доктори.
- Веќе еднаш засекогаш треба органите да постапат правилно навреме и да не оставиме да не биде решен ниту еден случај. Повторувам, одговорно, најморално и професионално и како лекар и како министер, велам оти нема да оставиме веќе работите во здравството да се талкаат со години нерешени проблематики. Оставам на истражните органи да се испита до крај и како што кажавме, со име и со презиме да се знае веќе кој е виновен. Да не се плука по сите здравствени работници, тоа нема да го дозволам, рече Меџити.
Вчера по приведувањета на Онкологија, и директорите на клиниката посочија дека Клиниката функционира нормално и да не се создава паника кај пациентите. Тие пак се пожалија за голема гужва и долго чекање пред амбулантите во периодот од 8 до 11 наутро.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар