Македонија
8. February 2024 - 16:34

Меџити: Не поднесувам оставка - покажав како треба да работи еден министер

Меџити не планира да поднесе оставка, за евентуално негово разрешување одлуката ќе ја донесат пратениците. Откако станува се поизвесно дека тој повеќе нема да менаџира со министерството, Меџити свика брифинг за отчет на досега сработеното. Уверен е дека тој и Алиу ја имаат поддршката на делегатите и сите одлуки на партијата ќе се носат од  легитимните органи кои вечерва заседаваат во Куманово.

Ги демантира информациите дека ќе разрешува директори во болниците. Алијанса за Албанците нема да дозволи тројански коњи на ДУИ да бидат дел од партијата порача Меџити и ги обвини интегратиците за опструкции во неговото работење. За односите со министерот за правда кој е од крилото на  Села, вели дека иако им се разишле патиштата, тие се уште се браќа.

„Сега конечно е јасно кои се вистинските членови на Алијанса кои работат чесно и стојат зад иделогијата на партијата, а кои биле тие кои заради лични интереси решиле да кумуваат со ДУИ во политиката. Алијанса за Албанците е сега обединета и посилна“, кажа Меџити. 

Меџити се пофали дека овие 11 месеци покажал како треба да работи еден министер а најави дека и по изборите повторно ќе се врати на функцијата.