Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“

„Идентитетот, културата на меморија, наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“ е тематскиот наслов на годинашното издание на меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2026“, што во организација на Центарот за напредни истражувања ќе се одржува од денеска во Охрид.
На научниот собир организиран во партнерство со Филмската академија од Охрид, Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство на Азаербејџан и Универзитетот од Ајдин, Турција ќе бидат презентирани 70-тина трудови од 90-тина учесници од 15 држави.
Отворањето на собирот е предвидено за денеска во амфитеатарот на Универезитетот „Свети Апостол Павле“, додека работните сесии ќе се одржуваат во просториите на Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Куќата на Григор Прличев.
Годинашното издание на конференцијата е посветено на д-р Ахмет Ајтач од Измир, еминентниот универзитетски професор и уметник чии научни и уметнички дела имаат оставено силен белег во академскиот и уметничкиот свет на Балканот, Анадолија, Кавказието и Средниот Исток...
МИА
Ново на Сител
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
