-->
-->
Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-->

Меѓународниот аеродром во Кувајт бил погоден од дрон, што резултирало со „полесни повреди“ кај одреден број вработени, како и со „ограничена материјална штета“ на патничкиот терминал, соопшти Генералната управа за цивилно воздухопловство на Кувајт.
Нивниот официјален портпарол, Абдулах ал-Раџи, изјави дека властите веднаш ги активирале „одобрените итни процедури, при што инцидентот бил решен, а локацијата е обезбедена“, јави Ал Џезира.
– Ситуацијата е целосно под контрола, а безбедноста на патниците и персоналот на аеродромот останува наш врвен приоритет – изјави Ал-Раџи. Тој додаде дека властите ќе продолжат да информираат преку официјални канали штом ќе бидат достапни повеќе информации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
