Loading Video...
Свет
19. February 2026 - 12:15

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде домаќин на состанок на Одборот за мир во четврток во Вашингтон, каде што ќе објави дека земјите-членки ветија повеќе од 5 милијарди долари за реконструкција и хуманитарни напори во Газа, соопшти Белата куќа во среда.

Прес-секретарката Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека земјите-членки се обврзале да обезбедат илјадници персонал за меѓународни стабилизациски сили за Газа.

Четворицата поранешни лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, на кои им се суди за воени злосторства во Специјализираните совети во судот во Хаг, во своите завршни зборови се изјаснија за невини, тврдејќи дека обвинувањата на обвинителството против нив се неосновани.

Тачи, изјави дека неговиот фокус е на градење и зајакнување на сојузот со САД и НАТО и дека немаше да има независност на Косово ако немаше НАТО. Пресудата треба да се донесе во рок од 90 дена од завршувањето на доказната постапка, а доколку е потребно дополнително време поради околностите, тој рок може да се продолжи за уште 60 дена.

Обвинителството побара по 45 години затвор за сите четворица, нагласувајќи дека тие имале силна колективна улога како клучни членови на Главниот штаб на ОВК.

Застапникот на жртвите, Симон Лоз, во својот завршен збор истакна дека членовите на ОВК покажале неверојатна бруталност и екстремна суровост кон жртвите. Во обвинението се наведува дека злосторствата за кои се обвинети се извршени од март 1998 година до крајот на септември 1999 година на повеќе од 40 локации низ Косово и Метохија, како и во Кукеш и Чахан, во северна Албанија.

Хаска со многу ентузијазам, влезе низ целта на тркатаво женски тимски спринт вчера на ЗОИ давајќи импровизиран настап што ги натера гледачите да завиваат од воодушевување.

Кучето се движеше кон стадионската патека за крос-кантри во Тесеро и им се приклучи на неколку спортисти на целната рамнина.  Кучето трчаше пред скијачите некои од скијачите, со бурно навивање од публиката, која го поздрави неочекуваниот гостин. Некои од натпреварувачките беа изненадени, а организаторите сепак успеаја да го отстранат од целната рамнина.

Силните снежни врнежи и дожд низ Романија оставија 200.000 домови без електрична енергија во среда изјави министерот за енергетика Богдан Иван,  сообраќајот на автопатите и националните патишта, беше блокиран, а десетици возови доцнеа. Паднати дрвја го запреа патниот и железничкиот сообраќај, училиштата се затворени во неколку градови. Јавниот превоз во имаше проблеми со 40 см снег.

Жителите во францускиот град Ле Понт-де-Се напорно работеа градејќи импровизирани бариери за да се обидат да ги спречат водите на блиската река Лоара да влезат во нивните куќи откако се поплави по неколкудневните дождови. Четири француски департмани, се под црвена тревога - највисокото ниво - што значи дека се случуваат или се очекуваат големи до значителни поплави во следните 24 часа.

35 дождливи дена по ред, што е најдолгиот период на дожд од 1959 година кога започнале евиденциите.