Меланија Трамп во мемоарите го поддржува правото на жената на абортус

Сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија во својата книга го поддржува правото на жената да го контролира своето тело, вклучително и правото на абортус.
– Императив е да се гарантира дека жените, врз основа на нивните убедувања, имаат автономија да одлучуваат за раѓање на дете, ослободени од каква било интервенција или притисок од Владата, пишува Меланија Трамп во мемоарите, што следната недела ќе бидат во книжарниците.
Според неа никој освен самите жени не би смеел да има моќ да одреди што таа треба да прави со своето тело.
Основното право на жената на лична слобода, на нејзиниот сопствен живот, ѝ дава овластување да ја прекине бременоста доколку таа одлучи да го стори тоа. Ограничувањето на правото на жената да одлучи да ја прекине несаканата бременост е еднакво на негирање на нејзината контрола над сопственото тело, истакнува Меланија Трамп, која ретко изразува политички ставови.
Ново на Сител
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
