МЕРАК МЕАНА
Нова Седма Сезона од мегапопуларната Мерак Меана. Со голема радост од овој викенд продолжуваат мерак песните од Мераклиите. Меѓу нив сите оние кои на вистински начин уживаат и се радуваат на песната и дружбата. Мерак Меана успева да ги обедини пеачите и музичарите и од година во година покажува и докажува дека македонската песна носи неисцрпна енергија и убавина која создава една посебна зачудувачка магија. Таа магија како да ги сплотува сите, пеачите, музичарите, гостите и секако гледачите. Стотици и стотици уметници во изминатите години биле дел од најгледаната музичка емисија кај нас. Илјадници песни и ора доживеале свои изведби. Стотици и стотици промоции на нови композиции и нови музички имиња. Музички имиња кои низ посебноста на атмосферата на Мерак Меана успеале да изградат или да ја надградат својата музичка кариера. Мераклиите продолжуваат онака како што само тие знаат и умеат. Речиси сите врвни имиња од македонската фолк музичка сцена и оваа година се очекува да бидат дел од единствената Мерак Меана. Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Блага Петреска, Даце Николовски, Ибуш Ибраимовски, Елена Андоновска, Баже Грујоски, Душко Георгиевски, Кате Брезева и Соната, Спасен Силјановски, Благица Павловска, Перо Христов, Кате Танева - Нели ти реков, Даниела Темелковска, Дамјан Стојановски, Елена Јовческа, Сања Цинцева, Нино Величковски, Дарко Стојановски, Благица Калева, Петар Нечовски, Стојне Николова, Ирена Вељовска, Сања Ристеска, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Адријана Ацеска, Горан Алачки, Павле Витанов, Ленче и Горан, Ани Малинкова, Методија Столески, Спасе Антевски, Анета Арсовска, се побројната плејада млади извонредни изведувачи и уште многу други мерак пејачи, групи и инструменталисти од сите музички жанрови кои и во оваа седма мераклиска година ќе направат викендите да биде исполнети со радост, игра и песна. Сите изведувачи и оваа година ќе бидат придружувани од врвните мизичари на групата Мерак Боеми, а главен меанџија е разиграниот Трајче Толевски Мајка.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%