Мерц ја исклучи можноста Германија да поседува нуклеарно оружје

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја исклучи можноста Германија да се здобие со нуклеарно оружје во услови на дебата за европско нуклеарно одвраќање, објави ДПА.
„Не сакам Германија да размислува за стекнување сопствен независен нуклеарен арсенал“, рече Мерц во епизода од политичкиот подкаст „Промена на власта“ што ќе се емитува денеска.
Канцеларот посочи на постојните договори во кои Германија се обврзала да се воздржи од стекнување нуклеарно оружје, вклучувајќи го и Договорот „Два плус четири“, кој го отвори патот за повторно обединување на Германија во 1990 година, и Договорот за неширење на нуклеарно оружје.
Сепак, Мерц рече дека може да се обезбедат германски воени авиони за евентуално распоредување на француско или британско нуклеарно оружје.
Германските борбени авиони „Торнадо“ веќе се стационирани во воздухопловната база Бихел во западна Германија за потенцијално распоредување на американско нуклеарно оружје.
„Теоретски би било можно ова да се примени и за британското и француското нуклеарно оружје“, рече Мерц.
На Минхенската безбедносна конференција минатата недела, канцеларот изјави дека е во разговори со францускиот претседател Емануел Макрон за заедничка европска рамка за одвраќање.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
