-->
-->
Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-->

Двајца мажи се тешко повредени откако автомобил „мерцедес“ излетал од автопатот „Пријателство“ и завршил во дворно место на семејна куќа во близина на скопското село Трубарево.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена денеска во 01:10 часот. Возилото, со скопски регистарски ознаки, го управувал 33-годишен жител на селото Батинци, кој ја загубил контролата и излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и неговиот 39-годишен сопатник од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
