Меси тренираше одделно

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, го одработи првиот индивидуален тренинг по пристигнувањето на актуелниот светски првак во САД пред претстојното Светско првенство.
Аргентинскиот капитен од 24 мај се мачи со мускулен замор на левата нога, но се очекува да биде подготвен за првиот натпревар на Аргентина на Светското првенство против Алжир на 16 јуни во Канзас Сити.
„Играчите кои имаат проблеми со тегоби и повреди продолжуваат да работат со тимот физиотерапевти на специфични вежби на теренот и добро напредуваат“, објави синоќа Аргентинската фудбалска асоцијација.
Аргентина до почетокот на Светското првенство ќе одигра контролен против Исланд на 9 јуни во Оубурн, Алабама.
Меси е рекорден во историјата на Аргентина со 198 натпревари и 116 голови, откако дебитираше во репрезентацијата во 2005 година.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
