Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство

Фудбалерот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, во интервју за „Ло де Поло“ забележа дека отсекогаш имал добар однос со Кристијано Роналдо.
– Јас бев во Барселона, а тој беше во Реал Мадрид. Бевме ривали во сè, па луѓето секогаш нè споредуваа. Но, нашиот однос отсекогаш беше добар и респектабилен. Денес сме во различни фази од нашите животи, но она што се случи беше големо спортско ривалство, изјави Меси.
Аргентинецот играше за сениорскиот тим на Барселона од 2005 до 2021 година. Во 778 натпревари во сите натпреварувања, тој постигна 672 гола и даде 303 асистенции.
Роналдо играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година. Тој има 450 гола и 131 асистенција во 438 натпревари во сите натпреварувања за мадридскиот клуб.
Двајцата играчи последните 20 години се помеѓу најдобрите фудбалери на светот.
Ново на Сител
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
-

МОН ќе продолжи да исплаќа по 140 денари на студентите, додека не се одлучат дали го прифаќаат новото софтверско решение
