Редици и колони на бензинските пумпи низ земјава, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите пред најавеното поскапување на горивата.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за значително зголемување на цените на горивата, при што дизелот поскапува за 14,5 денари по литар, а бензините за околу пет денари.
Поради тоа, голем број граѓани се одлучија уште денеска да ги наполнат резервоарите, со цел да избегнат дополнителни трошоци по стапувањето во сила на новите цени.

