МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании, трансферирани две транши од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии (МФ) од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, исплатени се транша во вредност од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, односно вкупно 873 милиони денари или 14,2 милиони евра.
Со исплатата на овие транши, информираат од Министерството, вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании.
Владата средствата ги обезбеди преку кредитна линија од унгарската Експорт-импорт банка, со цел поддршка на домашната економија, а преку пласман на средства по поволни услови за компаниите за реализација на приватните инвестиции во развој на компаниите и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95 проценти годишно и рок на отплата до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесуваат 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.
МИА
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
