МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување

Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации.
Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница, информираат од Министерството за финансии (МФ).
Со Дополнетиот ребаланс, како што велат, се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со планираните износи до крајот на годината и реализација на приоритетни исплати.
- Со предложените измени, вкупните приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 3,9% од БДП. Проекцијата за економскиот раст со предложениот Ребаланс за 2026 година изнесува 4,3% - потенцираат од МФ.
Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година, како што нагласуваат, се со цел усогласување со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
