-->
-->
Мицкоски: Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата
-->
Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата. Неговите заложби за мир, соработка и интеграција се вредности кои и денес остануваат пример за сите нас, објави денеска на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот потсетува денеска се навршуваат 21 година од трагичната авионска несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски, заедно со неговите соработници и екипажот на авионот.
-Македонија тогаш загуби државник со визија, лидер кој веруваше во помирување, стабилност и европска иднина на татковината. Вечна му слава! Македонија никогаш нема да го заборави!, напиша Мицкоски на Фејцбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори