Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.
Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и експерти.
- Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски водовод и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно перење на системот за да може да добиеме вода која што ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење - изјави Мицкоски.
Тој посочи дека надлежните продолжуваат со активностите на терен, оценувајќи дека состојбата во општината претставува дополнителен предизвик.
- Работиме и таму, за жал, таа летаргија која што ја зафати општината после овој случај претставува предизвик за сите нас, но, тоа е што е, иако не се ингеренции тоа на Владата, ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ да час поскоро профункционира системот и се стави во употреба - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
