Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на бизнис-форум посветен на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција.
- Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денеска напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави - најави владината прес-служба.
Во состав на владината делегација ќе бидат и вицепремиерите Александар Николоски и Беким Сали, министрите за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за економија и труд, Бесар Дурмиши, за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Гоце Димовски.
Владината прес-служба најави дека на форумот ќе учествуваат високи владини претставници, стопанственици и инвеститори од двете земји, а фокусот ќе биде ставен на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, привлекување нови инвестиции, унапредување на инфраструктурното поврзување, енергетската соработка и развојот на заеднички проекти од стратешко значење.
Во рамките на програмата предвидени се тематски панели посветени на трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување, како и на инфраструктурата, логистиката и инвестициите, на кои ќе учествуваат членовите на македонската владина делегација.
Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денес напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави, најавуваат од Владата.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
