Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар - Букојчани.
- Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар - Букојчани, а потоа Кичево - Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево - Охрид да биде завршена некаде најдоцна во првиот квартал в година, што беше заборавено, аj што беше заборавено, беше и уништено - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Кичево.
Сега, додава тој, се разгледува можност, конечно, и за таму да има одговорност зошто работите на патот Кичево - Охрид така се оставиле на забот на времето.
- Исто така, како што чувме и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, напредна фаза е реализацијата и на оваа делница. Веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, приближно триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена - истакна премиерот.
Појасни дека што се однесува до урбанистичкиот сегмент, имотноправните односи целосно се заокружени, така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
-

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
-

Јаневска: Неправилностите во работењето ќе значат одземање акредитации за високообразовни институции
-

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
