Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на Државниот завод за статистика за увозот и извозот за септември годинава покажуваат историски најголема разлика помеѓу нив во корист на извозот, кој расте со стапка од 22- до 3 проценти во евра, а увозот се зголемува со стапка 8-9 во евра и сето тоа, како што нагласи, во услови кога имаме историски најголема енергетска криза. Според него, во овој трет квартал од оваа година за 85-86 милиони евра е помала разликата помеѓу увозот и извозот во споредба со третиот квартал лани.
- Вчера, ДЗС објави многу значајни параметри и податоци. Имено, ги објави податоците за септември увоз - извоз, односно трговската размена што ја правиме со светот. Она што можам да го забележам е историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, односно во септември извозот расте со стапка од 22 до 23 отсто во евра, а увозот се зголемува со стапка 8-9 отсто во евра во услови кога имаме историски најголема енергетска криза. Ги знаете цените на нафтените деривати. Значи, многу побргу растеме како извоз отколку како увоз - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на Пирава.
Според него, ако се направи анализа на третиот квартал оваа година, ќе се дојде до заклучок дека во овој трет квартал од оваа година за 85-86 милиони евра е помала разликата помеѓу увозот и извозот во споредба со третиот квартал од претходната година.
- Тоа значи дека повеќе девизи влегуваат во државата. Уште еден податок, кој, за жал за опозицијата, е несреќен. Тие сакаат таа разлика да се зголемува, што е можно повеќе да се одливаат девизи. Но, за нивна жал, а за доброто на граѓаните, оваа Влада работи и испорачува резултати и тие резултати се гледаат низ призмата на бројките, а не низ призмата на гола политика, конструкции и лаги што тие ги кажуваат - рече премиерот Мицкоски прашан за став во врска со последните податоци што ги објави ДЗС за увозот и извозот.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
