Мицкоски: Извршена е прва трансплантација на рожница во јавното здравство во нашата држава

Извршена е прва трансплантација на рожница во нашата држава во јавното здравство. Ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашата држава, за здравството и пред се за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман, објави на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.
Со ова, посочува премиерот, Македонија се вбројува меѓу ретките држави во регионот кои извршуваат вака сложена операција.
Тој наведува дека операциите ги извршиле доктори од Duke University (САД), еден од највисоко рангираните универзитети за клиничка медицина во светот, Лојд Вилијамс, Николас Гарсон и Шина Сонг, заедно со тим на македонски офталмолози.
Националниот координатор за трансплантација, проф д-р Билјана Кузмановска и доц Д-р Наташа Трпевска Шекеринов, директор на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје, го координираа овој процес. Се изведоа девет операции за прв пат во државата како најсовремена трансплантациона метода. Ова е голем чекор за македонското здравство, напиша Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
-

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур
-

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
-

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун
-

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
