Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение

За минималната плата нашиот став е јасен - да, ќе ги зголемиме минималните плати соодветно на законското решение, а ако постигнат договор меѓу себе работодавачите и работниците, ние ќе го поддржиме и ќе поздравиме. Но, тогаш ќе треба да го нивелираме и овој договор, што го имаме сега, со овие две гранки, зашто тогаш во пресметката, во методологијата, усогласувањето со минималната плата ќе дојде премногу големо, зголемено за одреден процент, а тие пари во Буџетот ние ги немаме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по постигнатиот договор со УПОЗ и САДУ, според кој, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година.
Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски повтори дека за Владата е неприфатлив предлогот државата одреден период да ги финансира придонесите на работодавачите за тие да ја зголемат минималната плата.
-Нема да дозволиме таков начин на нарушување на пазарот на труд. Ние дадовме 250 милиони евра субвенционирани заеми за бизнисот, со камата од 1,95 отсто, не ги зголемуваме даноците, не ја зголемуваме старосната граница за одење во пензија. Оваа Влада веќе има многу направено за бизнисот и економијата, плус Програмата за поддршка на инвестициите - тука исплаќаме огромни средства на годишно ниво. Ние како Влада доволно сме поддржале креирање нови работни места. Преку Министерството за економија имаме повторно Програма за самовработување и тука се трошат околу 45 - 50 милиона евра годишно. Кога сето ова ќе се анализира, ќе видите дека ние многу повеќе финансираме и многу повеќе го поддржуваме бизнисот, објасни Мицкоски.
Во врска со платите на функционерите, премиерот напомена дека коефициентите ќе се корегираат согласно законот, до крајот на февруари.
-Ние го нивелиравме тој коефициент минатата година, ќе го нивелираме и оваа и додека сме Влада ќе го нивелираме поради една причина - зашто имаме поинакви морални вредности. Не можеме да ги замрзнеме зашто повторно ќе имаме одлука на Уставен суд што ќе биде во насока на таа претходната, но можеме да ги намалиме и тоа ќе го направиме. Тоа ќе повлече нови судски процеси кои ги прават сега судиите и обвинителите, бидејќи и тие спаѓаат во тие коефициенти. но не може се да биде иделано. Што се однесува до одлуката на Уставниот суд во времето на владата на СДСМ и ДУИ и уставните судии што ја донесоа таа одлука, тие беа со сосема поинаков карактер и добро е ним да им го поставите ова прашање, не би сакал во нивно име да зборувам, истакна Мицкоски.
MИА
Ново на Сител
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
-

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец
