Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја потврди продажбата на последниот голем државен загубар прилепски Еурокомпозит. Мицкоски потенцираше дека целта е да се рестратира дел од наменското производство за воената индустрија, но во иднина во Македонија да се произведувата и друга воена опрема согласно потребите на пазарот.
„Целта е да се обнови дел од старото производство, но соодветно на пазарите и нова гама на производи. Целат е да се рестартира комбинатот. Повторно ќе кажам дека оваа Влада се грижи за иднината на државата, економијата, граѓаните и работниците, а картелската влада е минато. Поразена на неколку изборни циклуси. Оваа Влада има намера да ја развива државата“, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на Влада на РМ.
Инаку лани на 24 декевмри Еурокомпозит го купи македонско - полскиот конзорциум составен од компаниите ФУТУРА МОДА Д&А ДООЕЛ од Скопје и полската фирма FHR ARMOR LOGISTICS. Поранешните вработени велат дека иако им биле одобрени 65% од побарувањата кои ги имаат за заостанати плати, придонеси и к-15. Според нивни информации новиот инвеститор сакал да прави и воени дронови.
„Од неофицијални извори знаеме дека ќе се правеле шлемови, панцири, можно е и дронови, тие не се сигурни извори, но полскиот конзорциум што ја зеде сигурно има некој план, а плус најавуваат нови 150 вработени“, изјави Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.
Новите инвеститори првата рата кон доверителите од околу 1,2 милиони евра веќе ја исплатиле, а останатите 3 рати требало да ги исплатат во наредните 3 години, односно до крајот на 2028, кога полскиот инвеститор ќе стане и комплетен сопственик на Еурокомпозит.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
