Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која политичка партија, доаѓа дали е тоа од ВМРО-ДПМНЕ, дали е тоа од коалицијата ВРЕДИ од политичката партија ЗНАМ или некој којшто во минатото несовесно работел за што се констатирани големи криминали, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
- Дел од тие, каде што се констатирани големи криминали, во минатото што подигруваа во канцелариите фудбалчиња, баскети итн, за жал се во бегство и не можат да одговараат пред соодветните органи но се надевам дека ќе дојде и тој ден кога тие ќе одговараат. Но, има и голем дел од тие функционери за кои во минатото постои основано сомнение дека сториле голем криминал, купувале трговски центри, го збогатувале својот возен парк со Мајбах автомобили, креирале компании кои преку ноќ станале милионери и можам да редам безброј такви случаи, рече Мицкоски во изјава за медиуми при посетата на ЈЗУ Клиниката за урологија.
Оваа Влада, додаде премиерот, „е Влада која што носи правда за сите граѓани во Македонија, така ќе постапуваме за секој оној за којшто во минатото има основано сомневање дека сторил криминал или несовесно работел во службата, така и сега, без разлика од која политичка партија доаѓа“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
