Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД

Македонија е првата земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, имаме усогласена заедничка изјава за царинските тарифи, а потврдени се и некои инвестиции кои допрва ќе следат, изјави денека премиерот Христијан Мицкоски. Додаде дека земјава во рамки на тоа партнерство е третирана како рамноправен партнер. На ваков начин, вели, ние сме чекор поблиску во билатералните односи.
-Прво е важно тоа што таму сме на супер високо ниво. Практично, господинот Ландау е вториот човек во рамките на Стејт департментот и тој ја предводи американската делегација. Тој е заменик на државниот секретар Марко Рубио. Во текот на вчерашниот ден се отворија многу теми од областа на одбраната, дигиталната трансформација, енергетиката... и безбедноста, се разбира. Според тоа што можете и вие да го видите, самиот Стејт департмент, Бела куќа, но и господинот Ландау, јасно ја потенцираат улогата на нашата држава во рамките на нашето партнерство, дека станува збор за рамноправни партнери, дека сериозно го ценат она кое што ние го правиме како држава и во рамките на НАТО и во рамките на други меѓународни организации, рече Мицкоски.
Според него, добро е да се спомене и фактот дека ние сме првата држава од Европа која што има ваков стратешки дијалог на вакво стратешко ниво.
-Ние имаме усогласена заедничка изјава кога станува збор за царинските тарифи. Таа е потврдена. Потврдени се некои други инвестиции кои што допрва ќе следат, така што сега сме чекор поблиску во нашите билатерални односи со Соединетите Американски Држави како нивен стратешки партнер во регионот, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на општина Шуто Оризари.
Тој рече дека е договорена соработка во повеќе области како енергетика, безбедност, одбрана.
-Има и дел поврзан со безбедноста. Сега има работи кои што јас не можам јавно да ги споменувам, но, дел од тие работи се и размена на информации и мислам дека тие многу ќе бидат корисни и многу ќе го зголемат квалитетот на работа на овие две институции, рече премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
-

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
-

Пратеници предложите “соби за пушење” во новиот закон, а министерството за здравство не прифаќа
-

Корупцијата во нашето здравство е толку многу инкорпорирана што граѓаните и не ја препознаваат
-

Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји производители на тутун
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
