Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува продолжување на добрососедските односи и продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Србија по изборниот резултат на „Студентската листа“, предводена од Илија Срдановиќ, кому, како што посочи денеска, веќе му ја честитал победата во телефонски разговор.
Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за изборните резултати во Србија по промоција на мобилната апликација „m.Uslugi“, рече дека веќе разговарал со Срдановиќ и му честитал за победата, додавајќи дека очекува двете земји да продолжат да соработуваат како добри соседи.
- Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат и понатаму. Очекувам како добри соседи да работиме на зголемување на нашата економија и во едната и во другата земја - изјави Мицкоски.
Осврнувајќи се на критиките од опозицијата во земјава, премиерот рече дека очекува во периодот што следува да продолжат нападите и навредите кон него, но дека нема да одговори со ист речник.
- Јас сум навикнат на навредите, на конструкциите и на лагите кои што ги слушам. За мене, оние кои што доаѓаат од партиската говорница на таа опозициска партија, тие би сакале јас да се спуштам на тоа ниво и на ист начин да им одговорам, со истиот речник. Се разбира дека тоа нема да се случи - рече Мицкоски.
Тој додаде дека приоритет на Владата ќе останат реформите, проектите и политиките за иднината, а не, како што рече, личните напади од опозицијата.
- Ние ќе се бориме со реформи, со проекти, со политики кои што обезбедуваат иднина, а тие пошто немаат што да понудат, тие ќе продолжат да ме навредуваат. Тоа е тоа, од мене им е простено, а останатото останува на нив - изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
