Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, заедно со владина делегација, во која се и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на „Дојче телеком“, и Доминик Лерој, член на Управниот одбор на „Дојче телеком“, ГИД, за Европа.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и инвестиции кон дигиталната трансформација и иднината на Македонија преку инвестиции во делот на современите техники во медицината и инженерството, развој во делот на комуникацијата, развојот на вештачката интелигенција, современата кибернетска безбедноста, како и плановите и амбициите за развој во делот на паметен град, безбеден град и безбедна држава.

Биле разменети и мислењата за европската конкурентност, безбедност и дигиталниот суверенитет како стратешки приоритет за Европа, како и капацитетите во областа на облак-технологиите, вештачката интелигенција, индустриската вештачка интелигенција и кибербезбедноста, основа за дигиталната отпорност и конкурентност.

Од Владата наведуваат дека средбата претставува можност за понатамошно унапредување на соработката со една од водечките европски телекомуникациски компании со цел искористување на современите технолошки решенија и отворање нови перспективи за дигиталната иднина на државата.
МИА
Ново на Сител
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
