Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје - истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на македонското Собрание одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, а во врска со билатералните односи меѓу двете земји.
Премиерот Мицкоски потсети дека договорот за соработка со Турција не беше потпишан долго време, а се потпиша со доаѓањето на оваа Влада.
- Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје. Претпоставувам таа посета ќе се реализира, во моментот не можам да кажам точно кога и како, но знам дека Турција има исклучително одличен амбасадор во Скопје, димпломат од висок ков, со кого имаме одлична соработка и тој придонесе за уште поблиските односи меѓу двете земји. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу бргу и ќе ја имаме таа можност, но и чест, претседателот Реџеп Таип Ердоган да го пречекаме во Скопје - истакна премиерот Мицкоски.
Со потпишувањето на договорот за проширување на билатералната соработка во овој период интензивирани се партнерства на повеќе полиња - посочи премиерот Мицкоски.
- Потпишавме договор за проширување на билатералната соработка со Турција, нешто што претставува наша стратешка цел и во рамките на тоа партнерство контактите се засилени и повеќето од компаниите што доаѓаат кај нас или потенцијални инвеститори од Турција во Македонија веќе се прифатени од институциите и ги почнуваат своите инвестиции или се во фаза на почеток да ги реализираат. Договорот не беше потпишан долго време, а се потпиша до доаѓањето на оваа Влада и во рамките на договорот се интензивира соработката на полето на одбраната. Министерството за одбрана и Армијата со соодветните институции на владата на Турција соработуваат, непосредно вршиме набавка на одбранбени системи, истовремено обучуваме кадри и во таа смисла мислам дека со доаѓањето на оваа Влада во голема мера се интензивира билатералната соработка меѓу двете држави. За мене, главен интерес е малку да се коригира нивото на трговската размена бидејќи Република Турција има голем суфицит во размената со Македонија, односно многу повеќе извезува во Македонија отколку што Македонија извезува во Турција. Убеден сум дека македонските производи може да бидат конкурентни на турскиот пазар, убеден сум дека како наш стратешки партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар и убеден сум дека некои од постојните бариери што сега постојат многу бргу ќе бидат неутрализирани, односно избришани, и македонските производители, особено во делот на земјоделството, фармацијата и другите гранки, ќе може да најдат свое место на турскиот пазар и на тој начин овој дебаланс во размената, каде што Турција има голем суфицит, ќе биде нивелиран - нагласи премиерот Мицкоски.
На собраниската седница претседателот на македонската Влада, Мицкоски, потсети дека солидна соработка меѓу двете земји има и во рамките на туризмот, каде што голем број турски туристи доаѓаат во Македонија, а соработка се остварува и во рамките на високото образование бидејќи голем број студенти од Турција се присутни на универзитетите во нашата земја.
МИА
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
