Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
Премиерот Христијан Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во следниот период и нејзино сведување на два до три проценти наредната година. Како што изјави денеска, првпат по многу месеци и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар што значи дека се намалуваат.
- Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво. Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар, тоа значи дека се намалуваат, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци.
Треба да се пресметаат посебни потрошувачки кошнички - за самец, за млад брачен пар, за тричлено и четиричлено семејство и за пензионери, зашто трошоците на овие категории граѓани не се сити
Премиерот информира и дека се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, како и дека се веќе покренати одредени постапки од инспекциските служби.
МИА
Ново на Сител
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад