Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот

- Постојат многу глобални предизвици во светот, но добро е што Македонија е на масата и заедно со останатите држави учествува во решавање на овие глобални предизвици, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски од Берлин, по завршување на настанот што го организираше германскиот канцелар Фридрих Мерц.
- Ова ќе биде тешка зима, тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија. Но, она што е важно е дека ние работиме на тоа граѓаните оваа зима да ја поминат како што ги поминуваат сите зими во нормални услови, без разлика на предизвиците во светот. Иако би рекол дека денес во светот се води тивка, трета светска војна, сепак ние успеваме да најдеме начин, да креираме стратегија со којашто ќе го олесниме стандардот на македонските граѓани - вели Мицкоски во изјавата.
На настанот, на кој се разговараше на за глобалните предизвици и за безбедносната состојба во светот, присуствуваа и специјалните преговарачи во случајот со Украина на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а телефонски се вклучи и американскиот претседател Доналд Трамп кој брифираше за неговата средба со претседателите на Русија и Кина.
МИА
Ново на Сител
-

Дотраената водоводна мрежа остави 10 штипски населби 3 дена без вода
-

Хаџи Василева останува предметен обвинител во случајот со судијата Ристов - најавува и поактивно обвинителство
-

Тема на денот со Искра Хаџи Василева, шефица на ОЈО ГОКК
-

Девет полицајци кривично ќе одговараат за непостапување за смртта на Росица Коцева од Велес
-

На новороденче на Гинекологија му отсекле дел од прст при вадење на инфузија
-

Осум месеци затвор за палењето на дипломатските возила
-

Раководител на технолошка компанија во Грција бил мета на терористичката ќелија
-

Нови меѓусебни обвинувања за Алта Банка
