Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
На Македонија не и треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина.
Оваа порака премиерот Мицкоски ја испрати од тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“ во рамки на Минхенската безбедносна конференција, на која присуствуваше и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Мицкоски вели дека владината делегација ја користи секоја можност и средба за да ја пренесе пораката дека Македонија одамна засулжи да биде дел од европското семејство.
Со овие пораки Мицкоски ја заокружува повеќедневата посета на Минхен во рамки на која оставари повеќе средби, на маргините на безбедносната конференција.
Европската интеграција на Македонија беше во фокусот и на средбите со првиот човек на Европскиот Совет Кошта и со холандскиот премиер. Со украинскиот претседател Зеленски разговарале за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност и за праведен мир.
Мицкоски се сретна и со Ричард Гренел, специјален пратеник на Трамп за специјални мисии, со генералниот директор на американскиот еврејски комитет и со претставници на повеќе европски компании, со кои биле разгледувани можностите за инвестирање во Македонија.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
