Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за една изборна единица и гласање на дијаспората, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со разговорите во рамки на работната група за Изборниот законик.
-Ние сме за една изборна единица, и не ги менуваме ставовите и го кажав тоа на лидерската средба, но да има еден праг кој би го договориле со останатите политички партии. Во таа една изборна единица логично е да гласа и дијаспората, но проблемот суштински кај гласањето во дијаспората е фактот што одредени ДКП се на големо растојание и нема голем интерес. Посебно тоа се однесува на австралискиот континент и во Северна Америка. Ценам дека доколку би можеле, а тоа зависи од домашното законодавство, да отвориме гласачки места во повеќе средини а не само во ДКП, така што процесот би бил поуспешен, рече Мицкоски.
Тој појасни дека законски треба да се регулира времено прогласување на екстериторијалност во држави каде ќе се организира гласање и дека тоа би било само за изборите. Додаде дека Австралија тоа го дозволува.
Запрашан за изјавите на Арбен Таравари од АА, кој излезе од владината коалиција и неговите критики за работењето на Вреди, коалициски партнер во Владата, Мицкоски рече дека односите со Вреди се исклучително принципилени, за разлика од оние со Таравари.
-Се уште не можам да се изначудам на господинот Тавари кој тагува за Ѓока бизнисот кој не му успеа, и во јавноста измислува работи кои немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Инаку јас многу пати сум ги коментирал односите во Владата и со нашиот партнер. Инаку, можам да кажам дека се исклучително принципиелни, за разлика од односите кои ги имавме со Таравари кои беа исклучително вовлекувачки од негова страна. Така што претпоставувам дека тој принцип на вовлекување којшто го применувал кон мене сега го применува кон неговиот нов коалиционен партнер а тоа е ДУИ. Тогаш во комуникацијата со мене жестоко ги критикуваше, сега претпоставувам во комуникацијата за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети ме критикува мене, рече премиерот Мицкоски.
За реконструкцијата и можните промени на ресорите, Мицкоски повтори дека за тоа ќе се дискутира во мај или во јуни.
Премиерот Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура. По тој повод во функција беше пуштена новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби.
МИА
Ново на Сител
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
-

Законот за Советот на јавни обвинители го помина првото читање во матичната комисија
-

Нова програма на СДСМ: Скратена работна недела, повисоки пензии, нула корупција
