Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото

Она што го води денес СДСМ, партијата која го донесе Преспанскиот договор, на отворена сцена испраќа пораки полни со конструкции и лаги, но факт е и не смееме да заборавиме дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој Договор - бесплатно и поквалитетно здравство, образование, повеќе за младите, веднаш ќе влеземе во НАТО, веднаш ќе ги почнеме и ќе ги завршиме преговорите, но ништо од тоа не се случи. Ако се исклучи членството во НАТО, се останато не се случи.
Ова го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со осумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор и соработката со јужниот сосед.
- Поучени од тие лекции од минатото, ние денес ја водиме нашата надворешна политика, политика која не е составена од гланцање чевли на евродипломати во Брисел и коленичење, туку која се темели на аргументи. Така се бориме во овој момент и така создадвме пријатели. Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото. Но, ние сме подготвени да се бориме, се бориме и така ќе продолжиме, додаде премиерт Мицкоски.
Владата е свесна, рече, дека ќе има многу предизвици, но е подготвена да ги решава еден по еден.
- Никако нема да се предадеме. Битно е дека Македонија забрзува и дека како многу пати во минатото, и овојпат ќе победиме, потенцира Мицкоски.
Тој е дециден дека нема никаков проблем да се сретне со сите соседи и да разговара на сите теми, па и за оние за кои не постои согласност од двете страни.
- Немам никаков проблем да се среќавам и да разговарам со сите соседи, претставници на влади од нашето соседство. Ние со нашиот јужен сосед работиме на многу проекти, меѓу кои и гасниот интерконектор, нафтоводот, прекугранични проекти,... Со Киријакос Мицотакис сме во иста група, во европското семејство на народните партии, со Неа демократија сега се видовме во Тиват. Јас не живеам од стереотипи и антагонизам, суштината во животот е да создадете пријател повеќе и во рамки на тоа пријателство да размените ставови на некои состојби со кои не се согласувате. Не може за се да се согласиме, но важно е да разговараме. Јас апсолутно сум подготвен со секого да разговарам на сите теми, па и за оние за кои не се согласуваме, подвлече премиерот по посетата на реконструираната Општа Болница во Општина Струмица.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
