Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека со владините политики за зголемување на пензиите се намалува стапката на сиромаштија.
-Ставот на Владата е јасен, нашиот чекор што го направивме можеме да го аргументираме, а потврда дека сме направиле добар чекор се и објавите на Државниот завод за статистика кои деновиве излегуваат и се коментираат во јавноста околу лаекенските индикатори, односно нивото на сиромаштија, џини-индексот, нерамномерната распределба на доходот. Тука имаме добра вест, а тоа е дека се намалува стапката на сиромаштија, ако во 2021 година била 23%, сега е 21,9 во 2024, а во 2023 била 22,2%. Џини-индексот, односно нееднаквата распределба на приходите, ако биле 30,3 во 2023, во 2024 е 29,1 и е најдобар во регионот, па и кога ја гледаме нееднаквата распределба на доходот дури е над европскиот просек, истакна Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.
Мицкоски потенцира дека одлуката на Владата за зголемување на пензиите ќе влијае позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и дополнително намалување на џини индексот.
-И во 2024 година е овој индикатор, зголемувањето прво линеарно од 2.500 денари беше во ноември месец, што значи дека има мало или незначително влијание во овој параметар, а во 2025 веќе очекувам точно да се види дека нашата одлука за ваков тип на зголемување на пензијата ќе влијае многу позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и со дополнително намалување на џини-индексот, односно нееднаквата распределба на доходите, што за државата ќе значи многу бидејќи светските агенции го ценат кредитниот рејтинг на државата токму и врз основа на вакви параметри, рече претседателот Мицкоски.
Тој додаде и дека Владата останува цврсто на оваа политика која дава резултати..
-Така што мислам дека таа политика си го даде својот резултат и апсолутно стоиме позади исправноста на тие чекори. Постојат структури кои го предизвикаа Уставниот суд и ќе видиме како тоа ќе заврши, а јас не би сакал да ги коментирам одлуките на Уставниот суд, посочува премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
