Мицкоски: Преполовени царините на САД за Македонија, преговараме за уште пониски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање да даде коментар за намалените царински стапки од страна на САД кон земјава, истакна дека ова е прва фаза и оти преговорите продолжуваат.
-Од она што го видовте како соопштение од страна на Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински стапки, не се ни царини, ова се трговски маржи. Ние сме од 33 проценти намалени на 15. Преговорите продолжуваат. Во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш по годишните одмори коишто ќе ги користи и администрацијата и од Кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во Министерството и институциите, очекуваме во втората половина на август да продолжиме со преговорите, рече Мицкоски.
Тој изрази очекување тарифите да одат уште подолу, изразувајќи благодарност кон САД што ја корегираа тарифата од 33 на 15 проценти.
-Ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подолу. Еве да речеме од земјите во соседството Србија има 35 проценти, БиХ 30 проценти, додека Швајцарија 39 проценти. Ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ итн..., рече Мицкоски.
Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти.
Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската Унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35, од Босна и Херцеговина со 30, а најниска царина ќе има Црна Гора 10 отсто.
Трамп во април годинава, првично објави царинска стапка за македонските производи од 33 отсто. Со новата извршна наредба на американскиот претседаел, се воведуваат нови царини помеѓу 10 и 50 проценти за речиси сите трговски партнери на САД. Новите американски царини, ќе стапат во сила на 7 август, а не на 1 август, со цел да се обезбеди повеќе време за нивно спроведување спроведување на новите царини.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев