Мицкоски Првиот ден како лидер на ВМРО-ДПМНЕ го почна со молитва
Новоизбраниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски првиот ден како претседател на партијата го започна од Струмица со посета на црквата Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици. Тој запали свеќа и се поклони пред чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница. Мицковски рече дека одлу чил мандатот да го започне од ова свето место и да побара благослов и спокој за себе, но и за сите граѓани на Република Македонија.
,, Денеска се помоливме пред светата икона на мајка Богородица Брзопослушничка, побаравме мир, спокојство за самиот себе, за самите нас, за граѓаните во Република Македонија. Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, но најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научима на простување, да посочуваме на грешките , истите да ги разбираме, а од оние кои што грешат треба да научат, да извлечат поука од грешките и истите да не ги повторуваат. Како народ и како граѓани на оваа држава потребно ни е помирување, толеранција и разбирање за сите останати.,, рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ
Од старешината на храмот Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици отец Димитар Крцев, Мицкоски на подарок доби примерок од Светото писмо и совет да биде чесен и да ја сака својата татковина.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
